Подобра инфраструктура за подобри услови за развој.
Во тек е асфалтирањето на улица „3“ во локалната економска зона „Марино – Кадино“, во должина од околу 400 метри и широчина од 7 метри.
Проектот опфаќа и изградба на систем за прифаќање и одведување на атмосферските води, со што се обезбедува функционално и долгорочно инфраструктурно решение.
Со подобрувањето на патната инфраструктура, се овозможува полесен и побезбеден пристап до економската зона, подобри услови за секојдневното функционирање на компаниите и создавање поефикасна средина за развој на бизнисот.
Инвестицијата во инфраструктура е инвестиција во развојот.
