Продолжуваат градежните активности на Студентскиот дом „Стив Наумов“

Градежните активности на локацијата на Студентскиот дом „Стив Наумов“ продолжуваат со предвидената динамика.

Во моментов на терен се изведуваат работи на тампонирање и асфалтирање, како дел од тековната фаза на реализација на проектот. Активностите се одвиваат согласно планираните градежни процеси, со цел постепено и квалитетно завршување на сите предвидени работи.

Со секоја нова фаза, проектот добива сè поконкретна форма, а градежните активности продолжуваат во согласност со утврдената динамика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *