Во услови кога брзата реакција е од клучно значење, Ленди Груп повторно ја потврди својата општествена одговорност, активно вклучувајќи се во интервенцијата за справување со пожарот во близина на реката Лепенец, кај Волково.
На барање на надлежните служби, компанијата обезбеди механизација и логистичка поддршка на терен, со цел да се помогне во локализирањето и целосното гаснење на пожарот, како и во понатамошното обезбедување на погодената локација.
Благодарение на координираната акција на Територијалната противпожарна единица – Скопје и поддршката од општествено одговорни компании, пожарот е целосно изгаснат. Во моментов се спроведуваат активности за дополнително обезбедување на теренот, преку покривање на критичните точки со земја, со што се намалува ризикот од повторно активирање.
Во Ленди Груп веруваме дека општествената одговорност не се мери само преку деловните успеси, туку и преку подготвеноста да се помогне тогаш кога заедницата има најголема потреба. Затоа, секогаш кога околностите го бараат тоа, нашите ресурси и механизација стојат на располагање за поддршка на институциите и заштита на граѓаните.
Остануваме посветени на заедницата и ќе продолжиме да придонесуваме таму каде што нашата поддршка може да направи вистинска разлика.

